Искање


Означено з Враќање на пристапот x Reputation x Journalists x Identity x

Ресетирање на лозинката (password)

Во случај да имате проблем со пристапот до вашата сметка (account), а притоа сте сигурни дека точно ја внесувате лозинката (проверете, исто така, дали е притиснат CAPS LOCK и кој јазик е одбран на тастатурата), може да ја ресетирате лозинката. Кај повеќето платформи и онлајн услуги ова може да се направи со кликнување на линкот на којшто пишува „Ја заборавивте лозинката?“ (Forgot your password?) или нешто слично, а којшто се наоѓа на страната за најавување (login) на сметката.

Следете ги упатствата на страницата „Ја заборавивте лозинката“ и проверете дали имате пристап до адресата на е-поштата/телефонскиот број што сте ги користеле за да ја креирате вашата сметка. Ако немате пристап до оваа е-пошта или телефонски број, тогаш ќе треба да ја користите резервната сметка (backup account), доколку давателот на услугата ја поддржува таа опција. Во спротивно, можно е трајно да останете без пристап до вашата сметка.

Најчесто, давателот на услугата ќе ви испрати линк или шифра за ресетирање лозинка, и тоа преку е-пошта или со користење други средства за комуникација. Ова ќе ви овозможи да креирате нова лозинка за сметката. Оттогаш понатаму, ќе ја користите новата лозинка за пристап до вашата сметка.

Лозинка Резервен профил Дигитална хигиена Кориснички профил Враќање на пристапот

Безбедносни прашања

Уште еден начин да добиете пристап до вашата основна сметка е да одговорите на безбедносни прашања, во случај да сте ја овозможиле таа опција во безбедносните поставки (settings) на вашата сметка. Сепак, некои даватели на услуга не ја користат опцијата за вклучување безбедносни прашања поради тоа што тие најчесто се неефикасни (може лесно да се погодат одговорите и сл.). Исто така, луѓето најчесто со години не ги менуваат одговорите на овие прашања или, едноставно, ги забораваат бидејќи не ги користат често.

Меѓутоа, ако сè уште имате можност за безбедносно прашање како резервно решение за вашата сметка, бидете сигурни дека одговорот го чувате на безбедно место, дека не е јавно достапна информација или нешто што е лесно да се погоди (на пример „Која ви е омилена храна?“) .

Лозинка Дигитална хигиена Кориснички профил Враќање на пристапот

Проверете дали има зачувани лозинки во прелистувачот

Прелистувачите што се користат денес (Firefox, Chrome, Edge) имаат опција да ги зачувуваат вашите лозинки, така што не мора да ги внесувате секогаш кога се најавувате. Сепак, ова не е препорачливо и треба да користите посебен софтвер за управување со лозинки, како што сеKeePass, KeePassXC илиBitwarden.

Во случаи кога не можете да се најавите со внесување на вашата лозинка, треба да проверите дали вашиот прелистувач ја зачувал лозинката во некој момент и потоа да ја искористите за да пристапите до вашата сметка. Секогаш се препорачува лозинката да ја копирате и залепите (copy and paste) наместо да ја пишувате рачно, за да избегнете грешки.

Лозинка Дигитална хигиена Претражувач Враќање на пристапот

Поврат на резервна копија

Во зависност од тоа до кои податоци не можете да пристапите, треба да направите обид повторно да ги вратите датотеките од резервната копија. Водете сметка дека редовно се прават резервни копии од вашите датотеки и дека можете да пристапите до нив во случај да се чуваат на некоја од услугите што се базираат на облак (на пр., Google Drive, Dropbox, OneDrive).

Доколку оперативниот систем на вашиот уред претрпи сериозно оштетување што влијае врз неговото работење, препорачливо е да го вратите на последната конфигурација кога бил целосно функционален. Windows има

опција

System restore

, MacOS може да користи

Time Machine

, додека за системите Linux има

голем број алаткисо кои може да се врати резервната копија

.

Резервна копија на податоци Враќање на пристапот Клауд Враќање на системот

Проверете кои алатки за дешифрирање се достапни

Еден од најголемите безбедносни проблеми и форми на сајберкриминал во денешно време е рансомвер . Оваа форма на малициозен софтвер ги шифрира датотеките така што не може да им се пристапи без клуч за нивно дешифрирање. Напаѓачите потоа бараат плаќања во криптовалути за да ви го дадат клучот за дешифрирање, обично со краток рок, за да извршат поголем притисок врз жртвата.

Во случај да сте жртва на ваков напад, генерален совет е да не плаќате, бидејќи не постои гаранција дека навистина ќе го добиете точниот клуч за дешифрирање. Плаќањата, исто така, поттикнуваат дополнителни обиди за сајберкриминал. Може да се обидете да најдете алатка за дешифрирање според видот на нападот со рансомвер. На пример,

No More Ransom

е иницијатива која им овозможува на граѓаните бесплатни алатки за дешифрирање на повеќе видови рансомвер.

Енкрипција Малвер Оштетување Враќање на пристапот

Алатки за враќање на податоците

Доколку вашите датотеки се изгубени или ако сте ги избришале случајно и немате резервна копија, постојат алатки за враќање на податоците, кои можат да ви помогнат. Освен ако податоците не се избришани со напредна алатка како, на пример, соEraser, стандардните алатки за враќање на податоците може да ви помогнат да ги вратите податоците.

Recuva

е софтвер за враќање на податоците за Windows, и има бесплатна и платена верзија. За обичен корисник, бесплатната опција би требало да биде доволна за враќање на избришаните датотеки, а може да помогне и ако станува збор за мемориски картички, надворешни хард дискови и USB-стикови.

Disk Drill

е уште една алатка за враќање на податоците која има и бесплатна опција и која работи на Windows и на MacOS.

Апликации Враќање на пристапот

ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ (IDENTITY MANIPULATION)

Манипулацијата со идентитетот или злоупотребата на личните податоци претставува сериозна закана која има потенцијално далекусежни последици. Без разлика дали цел е самото лице чии лични податоци се злоупотребени или некој друг, штетата може да биде непроценлива.

Поради сложеноста и различните појавни форми на оваа категорија на напади, тешко е да се одреди правната основа која нуди најсоодветна заштита. Во случај на измама сторена со користење компјутер што му припаѓа на друго лице, а која резултира со материјална или финансиска корист за сторителот, може да се поднесе кривична пријава според член 251-б (Компјутерска измама) или злоупотреба на лични податоци – чл. 149.

Доколку случајот на злоупотреба на личните податоци доведе до психолошка повреда или штета врз угледот или достоинството, тогаш може да се бара компензација преку граѓански правни процедури. Пред да се отпочне ваква тужба, неопходно е да се знае идентитетот на сторителот и да се обезбедат докази кои го потврдуваат тврдењето дека е направена злоупотреба на идентитетот (личните податоци) и дека е предизвикана штета.

Злоупотребата на личните податоци најчесто оди рака под рака со финансиска измама и кражба преку интернет. Постојат различни начини на кои можете да се заштитите од овие нешта: ограничете го износот на пари што може да се префрли на друга сметка, или што може одеднаш да се извади од банкомат, користете најмалку двофакторски систем за најавување во однос на вашите финансиски лозинки и уништувајте ги старите банкарски и други картички кои содржат чувствителни податоци.

Доколку сте жртва на злоупотреба на лични податоци, информирајте ја полицијата што е можно поскоро, известете ги финансиските институции или веб-страниците каде што имате сметки и привремено блокирајте ги засегнатите банкарски сметки и/или картички.

Навремената проценка на ризикот и дигиталната хигиена се важни средства за превенција и заштита.

Дигитални докази Лозинка Автентикација Резервен профил Телефон/таблет Оштетување Репутација Идентитет Сајбер криминал Кориснички профил Компјутер/лаптоп Враќање на пристапот Враќање на системот Кривична пријава